Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навел дека очекува „значителна деескалација на патот кон прекин на огнот“, соопшти Белата куќа.
„Двајцата лидери детално разговараа за настаните во Газа, напредокот на Израел во намалувањето на можностите на Хамас и другите терористички елементи и продолжувањето на дипломатските напори на регионалните влади и Соединетите држави“, известуваат израелските медиуми за разговорот.
Двајцата лидери разговараа по десет дена жестоки судири меѓу Израелците и Палестинците.
Тоа беше најголемиот јавен притисок на Бајден врз сојузникот на САД, проценува „Асошиејтед Прес“.
Притисокот исто така расте и на Бајден да стори повеќе бидејќи бројот на жртвите во конфликтот надмина 200.