Telegraph: Во ЕУ зрее уште еден “бунт” против антируските санкции

од desk3
89 прегледи

Унијата му даде на рускиот претседател Владимир Путин на послужавник стратешки подарок во вид на Грција. Недалекувидоста на Брисел во однос на Атина може да има најголеми последици за ЕУ, пишува бизнис-уредникот на The Daily Telegraph Амвросиј Еванс Причард.При посетата во Москва, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјавил дека Грција е суверена земја и има полно право на самостојна надворешна политика. Освен тоа Ципрас изразил несогласување со политиката на санкции против Русија и ја изјавил потребата да се раскине овој маѓепсан круг, потсетува весникот.

20150409.bonyjxluze

Рокот на важење на антируските санкции истекува во јуни. За да се продолжат мерките е потребно согласност на сите 28 членки на Унијата. Ако Грција сепак стави вето на санкциите, ова ќе му даде храброст на унгарскиот премиер Виктор Орбан да се приклучи на бунтот. Словачка веќе тивко го напушта фронтот за “за воздржување кон активностите на Кремљ во Украина”. Брисел може да го притисне еден бунтовен играч, но не може да го направи тоа во однос на цела група бунтовници. Власта на Унијата губи сила.

Во исто време е очигледно дека ако ЕУ не ги продолжи санкциите против Русија, тоа ќе посее непријателство меѓу Брисел и Вашингтон. Конфликт ќе има и тој “одсега ќе ги одзема виталните сили на Северноатлантскиот сојуз и она што е останато од системот за западна безбедност”, се вели во публикацијата.

За случувањата во Грција во многу односи се виновни самите евро-чиновници. Еврокредиторите на Грција и досега не сфаќаат дека требаше да одат на попусти, наместо постојано да ја притискаат Атина, тврди весникот.

Сега Русија не е доволно богата за да ја спаси Грција доколку и таа самата преживува проблеми поради паднатите цени на нафтата. Не може сепак да се каже дека Москва останала сосема без пари. Дискутирано е за соработката во различни области. Ципрас не го молел рускиот претседател за помош, туку изразил надеж за соработка, истакнува The Daily Telegraph.

Показател за тоа што се случува во руско-грчките односи ќе биде дали Москва ќе ги купи краткорочните обврзници на Атина. Ова ќе го ослабне притисокот спрема грчките банки од страна на Европската централна банка. Пред тоа Кина купи такви обврзници во вредност од 100 милиони долари во знак на морална поддршка. Сепак не е исклучено Русија сега да се радува дека нејзини побогати соседи ги расипуваат односите исклучително заради пари, укажува весникот.

Партнерите во ЕУ пред посетата на грчкиот премиер во Москва побараа од него да не се повлекува од фронтот против Русија поради нејзината позиција во Украина. Многумина политичари сакаа од Атина да пројави “солидарност со Европа”, ако Грците се потпираат на европска солидарност за прашањата на долгот. Иднината е нејасна и непредвидлива, резимира британското издание.