Тематска конференција на ЛДП

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Тематска конференција на Либерално-Демократска партија насловена како „Секој е важен! Овде и сега.” ќе се одржи денеска, 16-ти септември, со почеток од 11:45 часот во МНТ (Спроти Холокаустот).

На настанот ќе се говори за тематските приоритети, во форма на дебата која ќе ги истакне либералните иницијативи за економија, правда, образование и човекови права.

Свои обраќања ќе имаат претседателката на ЛДП Моника Зајкова, како и меѓународните претставници Илхан Ќучук копретседавач на АЛДЕ, Роман Јакиќ, претседател на ЛИБСЕЕН – Мрежа на либерали од Југоисточна Европа, Јохан Лиандер претседавач на ЦИС, Ватрослав Белан, претседател на Либерална партија на Црна Гора.

Слични содржини