Темелковски: Потребен е eден студентски марш за да се покаже студентскатата авангарда

од Mimi Spasovska
199 прегледи

Универзитетски студентски собранија размислуваат на 17 ноември, кој е светски ден на студентите, да организираат студентски марш кој би бил мирен и би имал за цел да ја покаже студентската авангарда, изјави за „Локално“ Славчо Темелковски претседател на Универизитеското Студентско Собрание на најголемиот државен универзитет УКИМ.

До неговата изјава доаѓа еден ден по разговорите со претставници на МОН за измените на Законот за студентски стандард кои предизвикаа незадоволство во јавноста. Тој изјави дека смета оти вчера го добиле тоа што го барале од МОН.

„Решенијата со МОН за студентскиот оброк беа донесени од сите универзитетски Собранија на ниво на Македонија, и верувам дека тие Универзитеските собранија го застапуваат мнозинството на студентите кои студираат, и како Универзитески студентски тела размислувааме и беше ставено како предлог желбата на 17 ноември кој е светски ден на студентите да организираме студентски марш кој би бил мирен и не би имал негативната конотација, напротив само да го искажеме незадоволството во однос на некои прашања и притоа да ја покажеме бројката на студенти“, вели Темелковси.

Во врска со најавите на новоформираното движење „Студентски“ отпор дека во четврток повторно ќе протестираат тој вели дека тие се неутрални во однос на нивните чекори.

„Ние ја ценимае храброста на студентите кои излегоа вчера, но притоа сите Унивезритети се согласивме дека прво ќе ги исцрпиме сите институционални патишта. Институциите ни излегоа во пресрет. Сметаме дека можеби е потребен еден студенски марш за да се покаже студентскатата авангарда, но тоа се уште н е одлучено“, изјави Темелковски.

Вчерашната средба со претставници на МОН се случи откако во јавноста излезе новиот закон за студентски оброк со кој требаше тој да им биде скратен на сите студенти кои земаат стипендии, на апсолвентите и на оние чии семејства имаат плата повисока од минималната.

На разговорите договорено е студентскиот оброк до 15 март да се исплаќа според старите правила, а во овој рок низ работни групи студентските претставници, пратениците и Владата да бараат системско решение.

На средбата учествуваа студентите од државните и приватните универзитети на едната страна,  и пратениците, министри и премиерот Димитар Ковачевски на другата страна.

Пред одржувањето на средбата во Собранието надвор се одржуваше студентски протест организиран на социјалните мрежи од новоформираното движење Студентски отпор.

М.С.М.

Слични содржини