Температури над просекот за овој период од годината: За време на викендот врнежи од дожд

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

До петок времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Само до крајот на денешниот ден ќе има повеќе облачност, а ќе има и појава на слаб локален дожд. На повисоките планини ќе провејува снег, наведува метео прогнозерот Славчо Поповски во својата анализа.

За време на викендот кај нас, но и пошироко во регионот ќе имаме поголема промена на времето, односно ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа. Овој циклонски систем кај нас ќе донесе врнежи од дожд, снег на повисоките планини, како и засилен јужен ветер.

Во Скопје овие денови ќе имаме слично време како и во останатите делови од Македонија.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу или малку над нулата, само на некои места температурата ќе се спушта за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие повремено ќе надминуваат и 15 степени, што значи ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Слични содржини