Прекумерното затоплување достигна до Париз, каде температурата покажа 39,7 степени целзиусови.
Последниот пат кога живата во француската престолнина достигна такви рекорди, беше во 2003 година, која беше обележана со висока смртност поради жештината, особено кај постарите луѓе.
Се очекува високите степени да се задржат уште една недела. Најголемиот рекорд, регистриран некогаш во Париз, е од далечната 1947 година, кога температурите удриле 40,4 степени целзиусови.
Претходно вчера француските власти прогласија жолт код во две третини од земјата за опасност од горештините.