Тенк во Белград може да се изнајми за 26.000 денари

од Nikola Popovski
318 прегледи

Српското министерство за одбрана му дозволило на Воениот музеј во Белград да изнајмува предмети за снимање и фотографирање, а цената за борбено возило, како тенк, оклопен транспортер или топ, е 50.000 динари (речиси 26200 денари) по ден, објавено е во најновото издание на Службениот воен весник.

Неборбено возило, како камион или џип, ќе се изнајмува за 8.000 динари дневно, униформи и знамиња за 10.000, митралез за 6.000, шлем за 5.000, пушка за 3.500 и пиштол за 2.500 динари.

Закупецот ќе треба да плати 11.000 динари за пиротехничко пукање од митралез, а 8.000 динари од пушка, пишува Службениот воен весник.

Изнајмувањето на сабја од Воениот музеј ќе чини 30.000 динари дневно, медал е 10.000, оклоп 50.000, а најевтино изнајмување е бајонет, само 1.000 динари.

Користењето на уметничка слика или скулптура од Воениот музеј е 30.000 динари дневно, пренесува РТС.