127
Ерменските вооружени сили ги бомбардираа воените позиции на азербејџанската армија на границата на двете земји, соопшти денеска министерството за одбрана на Азербејџан.
„На 6 ноември, од 19:35 до 21:50 часот по локално време, единица на вооружените сили на Ерменија од позиција во правец на Јухари Шорц ги гранатираше позициите на азербејџанската армија во правец на населените места Молабајрамли и Безирхан во областа Калбаџар, со употреба на лесно вооружување од различен калибар“, соопшти прес-службата на министерството, пренесува ТАСС.
Во соопштението се наведува дека единиците на азербејџанската армија презеле „соодветни мерки“ за да одговорат на нападот.