Тензии, тужби и замор – зошто ги нема Лајвли и Рејнолдс на Мет Гала

од Љубиша Владимиров
32 прегледи

Славниот холивудски пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, познат по своите иконични појавувања на Мет Гала, годинава не се појави на гламурозниот настан што традиционално се одржува во Музејот на уметност „Метрополитен“ во Њујорк. Иако официјалната причина за нивното отсуство сè уште не е потврдена, се шпекулира дека нивната одлука да го прескокнат годинешниот настан е поврзана со тековниот правен спор со актерот Џастин Балдони.

Според извор близок до двојката, одлуката да не присуствуваат била донесена пред да започне правниот конфликт и не е директно поврзана со тужбата. Дополнително, се смета дека парот е исцрпен од напорниот распоред и низа јавни појавувања во последните недели. Блејк Лајвли активно го промовираше својот нов филм Another Simple Favor, присуствувајќи на бројни премиери, прес-конференции и други медиумски настани.

Инаку, Лајвли е редовна и секогаш забележителна гостинка на Мет Гала, на која првпат се појави во 2008 година. Настанот има и особено значење за неа и Рејнолдс, бидејќи токму таму за првпат се појавија како двојка на црвениот тепих во 2014 година. Нивното отсуство од Мет Гала 2025 не беше целосно неочекувано. Уште во март годинава, извори блиски до двојката потврдија дека нема да присуствуваат.

„Блејк и Рајан не биле на Мет Гала од 2022 година, кога беа копретседатели на настанот, и нема да присуствуваат ниту оваа година“, изјави тогаш извор за магазинот People.

Слични содржини