ТЕНЗИИ ВО ЕРМЕНИЈА: Се вклучи и Путин, опозицијата крева шатори пред Владата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
229 прегледи

Ерменија е потресена од нова политичка криза. Генералштабот и опозицијата бараат смена на премиерот Никола Пашинијан. Приврзаниците на опозицијата протестираат во центарот на Ереван, а премиерот ги повикува политичките сили на дијалог. Приврзаниците на опозицијата креваат шатори пред зградата на парламентот. Кризата беше поттикната од неодамнешната изјава на премиерот за руските системи „Искандер“.

Генералштабот на вооружените сили на земјата на 25 февруари побара оставка од премиерот, сметајќи дека политичкото раководство ја води земјата во опасна насока. Од своја страна, премиерот ја обвини војската дека се обидува да изврши државен удар.

Во меѓувреме, разговарале рускиот претседател Владимир Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинијан.

Телефонскиот разговор се одржа на иницијатива на ерменската страна.

„Се разговараше за ситуацијата во Ерменија … Путин се залагаше за одржување на редот и мирот во Ерменија и решавање на ситуацијата во рамките на законот“, прецизира портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Рускиот лидер исто така ги повикал сите страни да се воздржат од употреба на сила и ескалации на ситуацијата“, додаде тој.

Слични содржини