Теодор Јовевски го фати крстот во Скопје, Мартин Гоџоски во Охрид

од Milan1
79 прегледи

Теодор Јовески  успеа прв да стигне до Светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар.

На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.

„Првпат се фрлам по крстот и ми се посреќи. Се надевам дека ќе ми донесе среќа, а на другите верници ќе им порача да веруваат во Бога“, рече Јовевски.

Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски од охридската населба Варош. Тој вторпат го фаќа крстот кој беше фрлен во водите на Охридското Езеро. Претходно тој ваква среќа имаше во 2022 година

Слични содржини