Снимките од наводниот лажен снег во Тексас станаа вирални на социјалните мрежи, пренесуваат светските медиуми.
Теориите на заговор дека всушност бил лажен снег се поттикнати од снимките објавени на мрежата ТикТок, на кои се гледа како девојка од Тексас зема грутка од дворот и се обидува да ја стопи со фен за коса.
– Снегот треба да се стопи. Мислам дека ова е вештачки снег. Ова е снег направен од државата. Само паѓа од рака, не е ни влажен – истакнува девојчето од видеото и додава дека се чувствува пластика како што објави порталот „News.com.au“.
Видеото предизвика бројни коментари, а наскоро почнаа да се шират теории дека снегот што падна во Тексас е лажен.
@sarahmojo Someone said do it with a blow dryer #fyp #snowwontmelt #whatshappening #texasblizzard #centraltexas #conspiracytheories #helpmeunderstand
Сепак, тоа е всушност природен феномен, кој што се појави неодамна кога падна снег во Шпанија.
Според USA Today, загревањето на снегот без топење го опишува процесот на „сублиминација“. Тоа е феномен кога снегот испарува, односно се претвора во гасовита состојба пред да се претвори во течна состојба.
Метеорологот Адам Стржемко за WWLP-22 изјави дека процесот се случува природно кога е сончево во текот на зимските денови, кога „влажноста е мала“.
За потсетување, десетици луѓе починаа за време на ледениот бран што ја погоди таа сојузна држава, а како последица на ниските температури, милиони жители на Тексас останаа без електрична енергија. Граѓаните имаа проблеми и со водата за пиење.
Како резултат на таа ситуација, претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, прогласи состојба на голема катастрофа во Тексас.