Тепачка меѓу играчите на Тетекс и Кадино, еден од нив удрил полицаец со пластично шише

од Берта Китинска
292 прегледи

Четворица фудбалери на второлигашите Тетекс и Кадино завршија во полициска станица после првенствниот натпревар поради физичка пресметка помеѓу играчите од двата тима, информира денес СВР Тетово.

– Полициски службеници ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на ФК „Тетекс” и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на ФК „Кадино” од истоименото скопско село, а поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи. Покрај тоа, Д.М. со пластично шише удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија. Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци, информира за МИА, Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Слични содржини