Тепачка меѓу контролор и патник поради заштитна маска

од Nikola Popovski
494 прегледи

МВР информира дека контролор на ЈСП Скопје нападнал патник поради расправија околу носење заштитна маска во автобус.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 07.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.Б.(27) од с. Батинци пријавил дека околу 07.00 часот на автобуска постојка на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање околу носење на маска, бил физички нападнат од Ф.С.(58) од с.Страчинци, вработен во ЈСП како контролор.

-Сочинет е записник за констатиран прекршок против јавниот ред и мир, додаваат од МВР.

Слични содржини