Тепачка на испраќањето на легендарниот Марадона (ВИДЕО)

Аргентина денес ја испраќа во вечното почивалиште, ја испраќа својата најголема фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона, кој вчера почина како последица од срцев удар.

Ковчегот на Марадона се наоѓа пред претседателската палата и во следните 48 часа, Аргентина ќе има можност да се поздрави со својот херој.

Милиони луѓе се собрани со цел да му оддадат последна почит на Марадона, но овој настан беше проследен и со немили сцени.

Имено, дел од масата влезе во физичка пресметка со полицијата, за да ја пробијат оградата и дојдат до ковчегот на легендарниот фудбалер.

За што станува збор погледнете во продолжение:

Слични содржини