247
Денес изби тепачка во центарот на Нови Пазар.Во тепачката на неколку лица , едно момче се здоби со убодна рана во горниот дел на ногата, додека друг е полесно повреден, дознава Вечерње новости.
На конфликтот меѓу двете групи млади момчиња, на улицата „Стефан Немања“, претходела расправија, а по тој повод било употребено оружје.
Полицијата во Нови Пазар го обезбеди местото на конфликтот и истрагата е во тек, но сè уште нема официјални информации дали учесниците во тепачката биле приведени.