333
Нов тежок инцидент се случи вчера во Солун, кога група екстремисти поддржани од крајнодесничарската партија Златна зора нападнаа левичарски собир во училиште.
Напаѓачите влетале во средното училиште, каде се одржувал собирот против реформата на образовниот систем, и почнале да фрлаат димни бомби, факели и камења кон членовите на левичарската студентска група која го организирала настанот и кон другите присутни.
На снимките од инцидентот може да се види дека настанале вистински воени сцени на солунските улици.