Терапевт: Возрасните деца на токсични родители се соочуваат со овој проблем

од Vladimir Zorba
16,5K прегледи

Растењето со токсични и контролирачки родители може да биде предизвик. Нивните методи можат значително да влијаат на самодовербата и самопочитта на децата, а често се соочуваат со различни проблеми дури и во зрелата возраст. Терапевтот, Мика Стивенс, открива еден таков проблем.

„Ако твоите родители прават да се чувствуваш како ужасна личност, ако прават да се чувствуваш лошо затоа што не им угодуваш и не ги исполнуваш нивните желби, поставуваат граници или не ги исполнуваш нивните очекувања, тоа не значи дека си ужасен. Тоа значи дека тие се контролирачки родители“, рече Стивенс во неодамнешната објава на Инстаграм.

Границите се важни за секоја врска, вклучувајќи ја и врската помеѓу децата и родителите. Ако децата на контролирачките родители почнат да поставуваат граници во зрелоста, нивните родители ретко можат да се помират со тоа, па предизвикуваат проблеми и каење. Децата поради ова може да се чувствуваат лошо, истакнува терапевтот.

„Родителите треба да бидат тие што прават да се чувствувате сакано и почитувано без разлика на се, а не затоа што ги исполнувате нивните смешни очекувања или себични желби. Така, ако се чувствувате како лоша личност кога сте покрај вашите родители, не сте ужасен син или ќерка, тие се само екстремно контролирани и токсични“, заклучува Стивенс.

Слични содржини