Мадона сподели видео во кое открива како го одржува младешкиот изглед на лицето. Во видеото се гледа како 59-годишната поп икона се подложува на специјална терапија со алатки кои потсетуваат на вилушки.
Гласот нејзин во видеото е променет и има активиран филтер за фотографирање кој го покажува нејзиното лице во крупен кадар и со сина панделка во косата.
Но, таа не може да биде помешана со друг човек заради препознатливото растојание помеѓу предните заби.
Таа успева и да се пошегува во меѓувреме, откако обрнува внимание на чудните инструменти, кои ги користи нејзината козметичкарка.
„Да ја затегнуваш кожата на лицето со вилушка и да бодеш некого со истата. Сум ги правела и двете“, вели Мадона.
Иако често е коментирана како славна личност, која има што да направи со своето лице, таа постојано се изразувала против хируршките интервенции.
„Јас сум таква каква што сум. Не ми се допаѓа идејата да ме успиваат и да ме сечат“, изјави ѕвездата.