Тереза Меј официјално веќе е новиот премиер на Велика Британија. Поранешниот министер за внатрешни работи беше назначена од кралицата Елизабета Втора во Бакингемскиот дворец малку откако монархот ја прифати оставката на Дејвид Камерон, пренесе “Ројтерс”.
Во првиот говор како премиер Меј ги истакна заслугите на својот претходник. “Дејвид Камерон беше еден модерен премиер кој ја стабилизира економијата. Тој беше премиер на една единствена нација и јас ќе продолжам оваа политика”, изјави лидерот на конзервативците, пренесува Би-Би-Си и “Гардијан”.
Меј вети дека ќе ја продолжи владината линија на Камерон за борба против социјалната нееднаквост, да го намали буџетскиот дефицит за две третини и да открие уште два и пол милиони работни места. “Моата влада нема да се раководи од интересите на привилегираните малцинства”, истакна новиот премиер. “Сакам Британија да е употреблива страна не само за фаворизирано малцинства, но за сите граѓани на земјата. Мој приоритет ќе бидат не силните, не богатите, туку вработените луѓе”, истакна Меј.
Таа истакна дека по референдумот за Брекзит за Велика Британија претстои период на предизвици.
Пред официјално да поднесе оставка, Камерон имаше кратка прес конференција пред резиденцијата на британските премиери, на “Даунинг стрит” 10, заедно до својата сопруга и нивните три деца.
“Најголемата чест во мојот живот беше да служам како премиер”, рече веќе поранешниот премиер на Велика Британија.
Во кратка ретроспектива на своето управување, тој изрази уверување дека ја остава Британија посилна и во подобра положба. Британскиот премиер и посака успех на својата наследничка на функцијата Тереза Меј во преговорите за излегувањето на земјата од Европската унија.
Камерон изрази надеж дека Велика Британија, која ја сака толку многу, ќе продолжи да има благодети.

