Арнолд Шварценегер ќе го позајми својот глас на мобилна апликација за GPS навигација.
Апликацијата се нарекува Waze и им помага на возачите да ги избегнуваат крстосниците со густ сообраќај.Терминаторот веќе ја изрекламира апликацијата со зборовите: “Од моментот кога го користев за првпат Waze, побарав да му дадам глас”.
“Гласот на Шварценегер беше токму она што ни треба. Совршен машински глас, со тврд австриски акцент! Среќни сме што култен актер како него ни го дава својот глас”, наведуваат од компанијата инвеститорот, без да прецизираат колкав бил хонорарот на Арни.