„Терористички напад“: Локален службеник загина во експлозија на автомобил во Херсон

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Во Херсон, на југот на Украина, во експлозија на автомобил загина шефот на Дирекцијата за семејство, млади и спорт на воено-цивилната администрација на регионот Херсон, Дмитриј Савлученко, пренесува РИА Новости.

Локалните власти ја опишаа експлозијата како терористички напад.

Заменик началникот на воено-цивилната администрација Кирил Стремусов изјави дека автомобилот бил кренат во воздух кога Савлученко влегол во него.

Слични содржини