Терористички напад во Франција, убиена полицајка, се огласија претседателот и премиерот (видео)

од Nikola Popovski
264 прегледи

Убиството на полицајка во францускиот град Рамбује е терористички напад, оценил премиерот на Франција, Жан Кастекс. Се огласил и претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој изјавил дека „Франција нема да се предаде во борбата против тероризмот“. Полициската службеничка во Рамбује била убиена со нож од мигрант од Тунис во полициската станица.

Во меѓувреме, полицијата за борба против тероризмот соопшти дека истрагата за нападот е отворена.

Според „Фигаро“, полицијата пукала и го ранила напаѓачот, а подоцна било соопштено дека тој им подлегнал на повредите. Станува збор за мигрант од Тунис.

Според агенцијата Анса, убиениот имал 37 години и легално престојувал во Франција од 2019 година.

Францускиот премиер Жан Кастекс по нападот го посетил Рамбује и изразил сочувство до семејството на убиената полицајка.

Францускиот претседател Емануел Макрон напишал на Твитер дека полицајката што е убиена се вика Стефани и дека целата нација стои покрај нејзиното семејство, колеги и полицијата.

„Нема да се предадеме во борбата против исламскиот тероризам“, напиша Макрон.

Ројтерс објави, повикувајќи се на полициски извори, дека напаѓачот не извикувал исламистички пароли за време на нападот. Сепак, француските медиуми наведуваат дека напаѓачот извикал „Алаху Акбар“ за време на нападот.

Обвинителството за борба против тероризмот ја презела истрагата, пренесоа француските медиуми.

Според АФП, напаѓачот не им бил познат на безбедносните служби. Тој имал дозвола за престој во Франција благодарение на фактот дека работел како возач за испорака, а истиот истекол на крајот на оваа година.

Слични содржини