Терористички напад во хотел во Сомалија, има загинати

од Берта Китинска
206 прегледи

Сомалиските власти денеска го совладаа смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 20 луѓе, а многумина беа ранети кога вооружени напаѓачи упаднаа во хотел во главниот град. На сомалиските сили им беа потребни повеќе од 30 часа да ги совладаат напаѓачите кои упаднаа во хотелот „Хајат“ во Могадишу во петокот вечерта во напад што започна со силни експлозии. Опсадата заврши околу полноќ, а останува нејасно колку вооружени лица влегле во хотелот.

„За време на нападот, безбедносните сили спасија многу цивили заробени во хотелот, вклучувајќи жени и деца“, рече полицијата, која допрва ќе даде детално објаснување за тоа како се одвивал нападот.

Исламската екстремистичка група Ал Шабаб, која има врски со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот, последен од нејзините чести обиди да нападне места што ги посетуваат владини претставници. Нападот на хотелот е првиот голем терористички инцидент во Могадишу откако новиот лидер на Сомалија, Хасан Шеик Мохамуд, ја презеде власта во мај.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го осуди нападот, според изјавата на портпаролот во која се вели дека ОН го поддржуваат народот на Сомалија „во нивната борба против тероризмот и нивниот марш кон мирот“.

Слични содржини