Терористички напад во Колумбија,13 лица повредени

од Берта Китинска

Едно лице загина, а 13 се повредени во терористички напад во Колумбија, во регионот Каука, соопштија официјални лица.

„Едно лице загина, а 13 се повредени кога мотоцикл-бомба експлодираше недалеку од полициската станица во градот Ел Бордо, во регионот Патија“, изјави за Радио Каракол началникот на регионалното Министерство за внатрешни работи Луис Ангуло.

Тој додаде дека експлозијата се случила вечерта кога покрај мотоцикл поминувал полициски автомобил.

Во експлозијата оштетени се најмалку шест згради во близина.

Локалните криминални групи не ја презедоа одговорноста, но милицијата ФАРК наводно е вмешана во овој терористички напад

Слични содржини