Што ли се не памети историјата на овој ден-1 Мај? Погледнете ги седумте екстремни случувања …

1 мај не е само Ден на трудот и не е забележан само со мирни протести.Што ли се не се случило на тој ден – од терористички акт во Чикаго и крвави судири во царска Русија до првиот марш на опозицијата под ѕидовите на Кремљ по распадот на СССР и многумилионскиот протест во САД.
.На 1 мај 1886 година во Чикаго започнува масовен протест со инсистирање работниот ден да биде скратен од 12 на 8 часа. На улиците излегле повеќе од 40 000 луѓе, сите претпријатија останаа затворени. Протестантите и полицијата влегле во судир, а на една од фабриките органите на редот отвориле оган врз работниците. Загинале две лица. А следниот ден за време на митингот терорист фрлил бомба во полициска станица, загинале 8 лица, а најмалку 60 биле ранети.Со одмазднички оган биле убиени десетици демонстранти. Полицијата уапсила стотици граѓани, седум работници анархисти добиле смртни казни. Токму поради загинатите работници на следната година Парискиот конгрес на интернационала го објавува 1 мај за Ден на солидарност на сите работници и предложил да се одбележи со демонстрации.
На 1 мај 1901 година во предградието на Петербург започнува едно од првите во Русија крвави судири на работниците со силите на редот. Илјадници работници излегле во поворка во градот, а против нив била пуштена коњичка полиција. Униформирани биле пресретнати со грамада од камења. Осум работници загинаа како последица на огнот, отворен од полицијата, а многу биле повредени. Загинале и неколку полицајци.
На 1 мај 1960 годиназ а време на празнична демонстрација на Црвениот плоштад на трибината на мавзолејот на Хрушчов му кажале дека со ракета “земја-воздух” е погоден американски разузнавачки авион, а пилотот се приземјил со Падобран .Веднаш потоа е уапсен. Осуден е на 10 години затвор за шпионажа. Поради скандалот биле расипани односите со САД. Пилотот останал во затвор 21 месеци, по што бил разменет со заробен советски разузнавач.
На 1 мај 1968 година во Франција почнале демонстрации на студентите од париски универзитети.Повеќето од демонстрантите биле приврзаници на левите идеи. Во штрајкот постепено се вклучиле и други луѓе и така бројот на демонстрантите достигнал 10 милиони луѓе. Мајските протести ја натерале владата да си поднесе оставка.
На 1 мај 1977 година на плоштадот Таксим во Истанбул за одбележување Први мај се собрале над 500 илјади лица, вклучувајќи многу старци, жени и деца.Демонстрантите биле нападнати со истрели од снајперисти, скриени на покривот на една од зградите. Полицајци со панцири навлегле меѓу луѓето. Се чуле завивања на сирени и експлозија на гранати. Толпата паниќно почнала да бега, а како резултат на тоа загинале 37 лица, повеќе од 200 биле повредени. Подоцна биле приведени повеќе од 20 снајперисти. Сепак, никој не бил осуден.
На 1 мај 1990 година се одржа последната во историјата на СССР првомајска манифестација и првиот Марш на опозицијата кај Кремљ . Михаил Горбачов и другите раководители на земјата ги напуштиле трибината на мавзолејот, емитувањето на настаните на телевизиските канали бил прекинат , а воена парада не се одржала.
На 1 мај 2006 година во САД била спроведена невидена акција насловена “Ден без емигранти”, во која учествувале над 10 милиони. луѓе.