Руските ракетгни системи С-300 во Сирија.
Џихад група “Џебхат ан-Нусра” планира да ја провоцира Русија со кршење на примирјето, соопшти германскиот весник “Ди Велт”. Терористот од сирискиот огранок на “Ал Каеда” му раскажа пред новинар на весникот како ќе се случи тоа. Средбата се одржала во турско кафе. 37-годишниот џихадист се претставил како Абу Муссаб ал-Сирија. Според него примирјето во Сирија, воспоставена од САД и Русија, е “глупаво”. Весникот потсетува дека предметното примирје не се однесува за терористичките групи “Исламска држава”, кој контролира половина сириска територија, и “Џебхат ан-Нусра”, која го контролира неголеми територии во северозападна Сирија. Американските и руските авиони ќе продолжат да ги бомбардираат и понатаму. Абу Мусаб тврди дека неговата група има 10 000 борци, таа е вистинска сила и сака да пропадне примирјето. Против владината армија “Џебхат ан-Нусра” војува заедно со “умерени бунтовници”. Последните денови џихадистите ги повлекоа своите сили, но дел од нив останаа на фронтот. Со преземање на офанзива “Џебхат ан-Нусра” планира да ја провоцира руската авијација кон одмазднички удари. Тогаш под нејзините удари ќе се покажат токму “умерените” групи кои се борат заедно со екстремистите. Штом тие паднат под ударот на руските авиони, со примирјето ќе биде завршена. Абу Муссаб смета дека граѓанската војна во Сирија може да заврши само кога биде соборен претседателот Башар Асад. “Треба и во иднина да се бориме со режимот, се останато се илузии”, изјави тој за германскиот новинар. Многу експерти ја сметаат групата “Џебхат ан-Нусра” за поголема закана за мирот во Сирија од “Исламска држава”. / РИА-Новости