Автоматите M70 или калаѓниковите излегле од фабриката “Застава Армс”.

Некои од оружјето кои терористите ги користеле при нападите во Париз на 13 ноември, биле произведени во Србија кон крајот на 80-тите години, соопштува Би-Би-Си. Директорот на фабриката “Застава Армс” Милојко Брзаковиќ изјавил дека автоматите M70 излегле токму од нивната фабрика. Нема сомневање дека тие се произведени кај нас, ние бевме единствените производители, ги имаме и сериските броеви. Но во 90-тите години тие можеле да биле украдени од армиските складишта на ЈНА, посочил тој. Веќе беше соопштено дека германската полиција уапси трговец кој им го продал на терористите оружјето кои се користело во париските напади.