Норвежанецот Андерс Брејвик, екстремист, терорист и масовен убиец, кој на 22 јули 2011 година усмрти 77 луѓе на островот Утоја, испраќал писма од затвор до преживеаните и семејствата на загинатите во овој крвав напад.
Писмата содржат извадоци од неговиот манифест, кој го подготвил пред крвавиот масакр во Осло и на островот Утоја, а за кој е осуден на 21 година затвор, јавуваат локалните медиуми.
Членови на таканаречената „Група за поддршка“, организација која ги поддржува погодените од терористичките напади, како и младинските поделби на Норвешката Лабуристичка партија, чии членови беа мета во 2011 година, како и парламентарни претставници и јавни функционери, неодамна добиле писма составени од осум страници. Писмата содржела пропаганда за превласта на белците.
Според извештаите, Баквик претходно испратил и добил околу 3.000 циркуларни писма од својата ќелија до 2016 година, кога судот воведе строг режим на контрола за да го спречи затвореникот да воспостави контакт со луѓе кои ги споделуваат неговите идеи надвор од затворот, пренесува RT.
Писмо од овој масовен убиец добил и норвешкиот политичар Торбјорн Верејде. Тој истакна дека му е многу непријатно.
„Апсурдно е некој што ви вперил оружје сега да ви праќа писмо“, рече тој.