Тешка кражба на маркет во Кочани – сторител сопруг на вработената

од Andreja Salpe
330 прегледи

Извршена е тешка кражба во маркет во Кочани, а како што информира МВР главен осомничен е сопругот на вработената во маркетот. Од таму појаснуваат дека А.С. ги зел клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари. Паричните средства се одземени и вратени на сопственикот.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани расчистија „тешка кражба“ извршена ноќта на 18/19.04.2021 од маркет на ул.„Маршал Тито во Кочани, за кое осмоничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот, стои во писменото известување од МВР.

Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат истражните органи.