ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА: Се преврте патнички автобус, загинаа најмлаку 14 лица

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Најмалку 14 лица загинаа, а 18 се повредени во сообраќајна несреќа во западната турска провинција Баликесир

Несреќата се случила во близина на Ердемит, каде се превртел патнички автобус што сообраќал на релација Измир – Зонгулдак, јавува Анадолија.

Единаесет лица загинаа на лице место, додека тројца повредени починаа на пат кон болница. Уште 18 лица се повредени и сите се згрижени во пет болници.

Во тек е истрага за причините за несреќата, а гувернерот на Баликесир ги посети повредените

„Се уште немаме информации за причината за несреќата, но се случи на местото каде што е кривината. Можно е возачот да изгубил контрола во таа кривина. Истрагата е во тек“, изјави гувернерот Хасан Силдак.