Тешка несреќа кај Трапчин Дол: Тројца загинати и осуммина повредени

од VIktor_P
11,1K прегледи

Тројца загинати и осуммина повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила на патот Кичево – Гостивар кај селото Трапчин Дол.

Повредените веднаш биле пренесени во болницата во Кичево и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Во 20:55 часот е пријавена сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во која биле вклучени три патнички возила. Според првичните информации, од здобиените повреди починале три лица, а осум се повредени.

Дел од нив се префрлени во болницата во Кичево, а дел во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила“, велат од МВР за ТВ21.

Слични содржини