Тешка несреќа на автопатот Гостивар–Тетово: Една жена загина, шест лица повредени!

од VIktor_P
564 прегледи

СВР Тетово информира дека денеска околу 15.30 се случила сообраќајна несреќа во која една жена го загубила животот, а шест други лица се повредени. Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Камењане.

– Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од с.Пирок. Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од с.Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото извршува екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.

Слични содржини