525
Три лица се повредени, од кои две со тешки телесни повреди, во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во 17.10 часот на регионалниот патен правец Прилеп – Крушево, кај прилепското село Мало Коњари.
Како што информира портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, до несреќата дошло при директен судир, од засега непознати причини, на две патнички возила, „Голф” и „Алфа Ромео”, со прилепски регистарски таблички, кои се движеле во спротивен правец.
-Тешко се повредени возачот на патничкото возило „Алфа Ромео“, 49-годишен прилепчанец со иницијали З.Г. и сопатничката во возилото „Голф“, 24-годишна со иницијали С.Е. од прилепското Кадино Село. Возачот на „Голфот“, 25-годишна со иницијали М.Т. е со телесни повреди, истакна Стаматова.