360
Десет лица се повредени во тешка сообраќајна незгода која попладнево се случила во атарот на битолското село Кравари, меѓу комбе, патнички автомобил и паркиран камион.
Од СВР-Битола за МИА потврдија дека сообраќајката се случила на „Краварски пат” во 14.40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа.
-Според првичните информации во сообраќајната незгода учествувале три моторни возила и притоа повредени се неколку лица. Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници, известија од полицијата.