531
Едно лице го загуби животот, а дваесеттина лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар.
Станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар.
Во директниот сообраќаен судир меѓу патничкото моторно возило и автобусот на излезот од Битола, на местото на сообраќајката загинал возачот на патничкото моторно возило, тешко е повреден совозачот, а повредени се и патниците во автобусот.
Се очекува СВР Битола да излезе со официјално соопштение за тешката сообраќајна несреќа.