422
Тешка сообраќајка несреќа се случила изминатава ноќ на патот Дреново – Кавадарци, информираше рано утрово на на својата Фејсбук страница, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Според статусот на социјалната мрежа, автомобил во кој се наоѓале татко и син, излетал 22 метри од патот.
Случајот го пријавило детето кое има само осум години и кое и покрај повредите, успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.