55
„Денеска околу 19 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Ацо Шопов“ во скопската населба Влае, во која учествувале патничко возило „фиат“, управуванo од Б. Р. (25) од с.Буковиќ, патничко возило „пежо”, управувано од С.А. (52) од Скопје и моторцикл „сузуки“ управуван од А.Ј. (35) од Скопје. Б.Р. и А.Ј. со Итна медицинска помош се пренесени во ГОБ “8 Септември”, информираат од МВР.
Во моментов се врши увид на местото на настанот.