65
Во сообраќајка на Водно која се случила вчеравечер, тешко е повредена малолетничка, а 23-годишно момче се здобило со полесни повреди.
„Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат кој води кон Средно Водно, патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.