Тешка сообраќајна несреќа во Канада: Камион удри во комбе, најмалку 15 лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 15 лица загинаа во канадската провинција Манитоба, откако камион удрил во возило со кое се превезувале стари лица и инвалиди, пишува весникот „Винипег фри прес“.

Несреќата се случила во близина на градот Карбери, 170 километри западно од Винипег.

Кралската канадска коњичка полиција соопшти дека сите расположливи ресурси се распоредени на местото на настанот.

Слични содржини