Тешка сообраќајка кај Охрид, 19-годишник пренесен во болница

од Nikola Popovski
190 прегледи

На 30.11.2022 во 19.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од с.Елшани, охридско, излетало од коловозот, соопштија од полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Слични содржини