Тешка сообраќајна несреќа во Полска: Загина тринаесетгодишно момче (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
115 прегледи

На автопатот меѓу полските градови Тарнов и Жешов се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа украински државјани, во која загина 13-годишен Украинец.

Според локалните медиуми, три лица се хоспитализирани, меѓу кои и мајка со своето шестгодишно дете.

Несреќата се случила на излезот од автопатот. Како што е наведено, се превртел минибус со украински државјани.

Според полицијата, возачот на минибусот во кој се превезувале Украинците тргнал да претекнува камион, но изгубил контрола над возилото и се превртел. Поради ненадејното сопирање на камионот, автомобил исто така излетал од патот, но немало повредени.

Несреќата се случила во саботата.

Слични содржини