Тешки обвиненија за ѕвездата од „Одмаздници“: ми се закануваше со убиство

од desk4
265 прегледи

Според зборовите на пранешната сопруга, ренер минатата година во еден клуб зборувал како ќе ја убие бидејќи повеќе не може да издржи. Таа го обвини дека се дрогирал пред нивната ќерка Ава, а во една прилика го оставил кокаинот во толетот , каде таа лесно можела да го најде.

 


Џереми Ренер, најпознат по улогата на Хокај, во „Одмаздници“ сега се соочува со сериозни обвиненија. Имено според зборовите на поранешната сопруга Сони Пачеро, тој ѝ го ставил пиштолот во уста, заканувајќи се дека ќе ја убие, а потоа испукал еден куршум во таванот. Сони бара целосно старателство над шестгодишната ќерка Ава. Таа го обвинува и дека се дрогирал пред ќерка им, дури и ја загрозил бидејќи дрогата ја оставал на лесно достапни места.
Во обвинението Сони ја наведува и изјавата на дадилката која наводно го слушнала Џереми како вели дека ќе оди и ќе ја убие Сони, а потоа ќе се самоубие, бидејќи подобро е Ава да нема родители, отколку да има таква мајка.
Џереми на сите обвиненија возврати со изјава дека Сони е таа која има проблеми со дрогата и сега вака му се одмаздува затоа што не успеал нивниот брак, па сака да му извлече што повеќе пари. Тој тврди дека три месеци не зел ни дрога ни алкохол и се подложил на тестирање за да го докаже тоа. Џереми додава дка Сони има тешки психички проблеми, за што ѝ своетувал да оди на лечење.
Канадската актерка Сони Пачеро и Ренер, тајно се венчаа во 2014 година, но се разделија една година подоцна. Договорот им беше заедничко старателство над ќерката Ава. Наредното судење е закажано за 07 ноември.

Слични содржини