Тешки судири се разгореле меѓу индиските и пакистанските сили на неколку различни локации во линијата на контрола во Азад Џаму и Кашмир , соопштуваат локалните медиуми.

Борбите траеле цела ноќ, најмалку шест цивили загинаа, а шестмина беа повредени , соопштија индиските власти. 

Подвлечено е дека индиските сили користеле тешки артилериски и противтенковски управувани ракети . Во меѓувреме, извештаите циркулираа дека пакистанските снајперисти убиле многу членови на индиските сили .

Вчера Министерството за надворешни работи на Пакистан соопшти дека е ослободила индискиот пилот , кој беше уапсен од пакистанските сили, откако неговиот авион беше соборен за време на напад во Кашмир, што ги зголеми надежите дека тензиите меѓу двете нуклеарни азиски сили ќе се намалат

Во меѓувреме во Индија беа организирани демонстрации и беа упатени остри критики, откако локалните медиуми шпекулираа дека ослободувањето на пилотот е одложено, бидејќи тој бил принуден пред неговото ослободување да биде снимен на видео во кое се фали пред пакистанските вооружени сили .