„ТЕШКО БОЛЕН“: Одложено судењето на Берлускони поради влошување на здравствената состојба

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Судскиот процес против поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, поради мито на сведоци, беше одложен денес бидејќи тој е тешко болен, објави обвинителот.

Берлускони (84) годинава веќе беше во болница откако минатиот септември беше позитивен на коронавирусот, а деновиве се зголемуваат шпекулациите дека неговата здравствена состојба е влошена, пренесува „Ројтерс“.

– Дефинитивно веруваме дека Берлускони е сериозно болен и страда од сериозно заболување. Тоа го покажуваат лекарите и консултациите – рече обвинителката Титијана Сицилијано.

Четирикратниот премиер беше обвинет за поткуп на сведоци за прикривање на малолетна проституција, почнувајќи од 2013 година, што тој секогаш го негираше.

Медиумскиот тајкун ја напушти миланската болница Сан Рафаел во саботата по петдневен престој. Од почетокот на годината тој беше хоспитализиран четири пати.

Сицилијано спомена дека Берлускони треба привремено да биде исклучен од судењето, за кое судијата ќе одлучува на 26 мај, кога ќе има ново рочиште.

Слични содржини