Тешко е да се верува дека обвинувањата ќе се истражуваат непристрасно кога тие дојдоа од премиерот, а не од судската власт

од Vladimir Zorba
98 прегледи

На состанокот на Европските социјал-демократи, одржан синоќа во Брисел заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и известувачот на европските социјал демократи, Ричард Ховит дискутирале за докуметите со кои располага СДСМ во кои наводно се докажуваат криминални активности на министри во владата како и за видео снимката од кабинетот на премиерот каде што се гледа дека лидерот на опозицијата Зоран Заев вели дека документите со кои располага се од странски разузнавачки служби.

howitt_fyrom_150205_news

Ховит нагласил дека недореченоста на тврдењата на владата треба да бидат разјаснети и да се дадат гаранции дека случајот ќе биде третиран непристрасно.

-На состанокот се разговараше и за најавата дека Заев ќе се соочи со обвинение за шпиунажа кое беше опишано како обид за државен удар и направено од премиерот Груевски за време на викендот – се вели во соопштението на европските социјал-демократи.

Изјавата на известувачот на европските социјал демократи, Ричард Ховит, е следната:

Тешко е да се има доверба во тоа дека обвинувањата ќе се истеражуваат непристрасно кога тие обвинувања дојдоа од премиерот а не од судската власт и во случајот би можеле да го прејудицираат исходот на истрагата, вели Ричард Ховит.

Ховит понатаму вели дека Шеќеринска појаснила оти документите доаѓаат од луѓе внатре во системот а не од надвор но дека Заев тоа така му го соопштил на Груевски за да ги заштити тие кои ги споделиле информациите кои отркиваат сериозни криминали правени од луѓе во владата.

Не е на нас да пресудиме за случајот но мојата група изразува сериозна загриженост дека презумцијата на невиност може би не е почитувана и за тоа дека обидите за рестрикција за известување за случајот може да бидат толкувани како обид за прикривање , вели Ховит.

Најдобро е сите наводи да бидат обајевни целосно без одлагање, вели Ричард Ховит и додава дека владата треба да објасни многу недоречености вклучувајќи го и прапањето зошто обвинувањата дојдоа од премиерот, како снимка од кабинетот на премиеroт беше објавена и зошто во документите на министерството за внатрешни работи нема обвинувања против Заев за шпионажа.