„Тешко ми е“: Никола Пелц се огласи по гласините за лошите односи со Викторија Бекам (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
478 прегледи

Никола Пелц, сопругата на Бруклин Бекам, објави фотографија на Инстаграм на која со насолзени очи лежи во кревет и гледа во далечината. Заедно со фотографијата објави и емотивен текст кој странските медиуми го протолкуваа како одговор на гласините за нејзината кавга со нејзината свекрва Викторија Бекам.

„Понекогаш ми е тешко да го покажам тажниот дел од себе. Пораснав со седум браќа и сестри и двајца многу силни родители, а тоа ме направи силна. Затоа не дозволувам луѓето да ме соборат или повредат. Изградив ѕид околу себе за да се заштитам, што е особено важно во оваа индустрија“, напишала манекенката.

„Сите имаме денови кога некој не повредува и во ред е да се чувствуваме лошо. Само сакав да напишам нешто за тоа затоа што никогаш не ја покажав таа моја страна овде. Сакав да ја покажам. Ве сакам сите многу и ја ценам вашата поддршка“, додаде Пелц.

Во последните денови странските медиуми пишуваа дека Никола Пелц и нејзината свекрва Викторија Бекам се во лоши односи.

Page Six како можна причина за несогласувањето го навела тоа што Никола е љубоморна на вниманието кое секогаш го добива Викторија, поради што ја исклучила од свадбените подготовки кои се одржаа во април оваа година во Палм Бич, Флорида.

Слични содржини