Тешко повреден 20-годишник од Радовиш, паднал од мотор

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Вчера попладне околу 17.45 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Велес, во близина на археолошки локалитет „Стоби“, 20-годишниот Д.И. од Радовиш управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

„По несреќата, возачот е пренесен во Општа болница-Велес каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Слични содржини