295
Четириесет и едногодишниот С.Ѓ. се здобил со телесна повреда при изведување на градежни работи на објект на фирма од Кавадарци, во атар на кавадаречкото село Крњево. За ова денеска информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Ова вчера е пријавено во ОВР Кавадарци, а се случило на 9 јули околу 8.30 часот. Повредениот бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување на медицинска помош, појасни Додевски.
Бил извршен увид на местото на настанот.