Тешко повреден пешак во Радовиш

од Radmila Tasevska

Вчера на улицата „Александар Македонски“ во Радовиш потешко е повреден М.П. (71) од истиот град откако во него удрил автомобил „фолксфаген пасат“ управуван од В.М. (50) од Радовиш, информираа денеска од СВР Струмица.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди кои биле констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Слични содржини